Почетна / Патувања во ноември / КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ 2026 ГОДИНА
Патувања во ноември

КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ 2026 ГОДИНА

3 ноември 2026

Поаѓање
3 ноември 2026 · вторник
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

ПРОМОТИВНА ЦЕНА  – 230евра ( 14. 260 ден)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 280евра ( 17 360ден)

Термини: 

НЕМА АКТУЕЛЕН ТЕРМИН / ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА 2027

Програма по денови

Поаѓање околу претпладневните часови од Кочани.Попатно зимаме патници од Скопје,Велес,Св.Николе,Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево. Патуваме преку Република Бугарија, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Анкара. Туристичка програма во градот Анкара - главниот град на Република Турција и еден од најживите градови во земјата - Мавзолејот на Ататурк, Националниот плоштад со коњаничката статуа на Ататурк. Слободно време за прошетка во мавзолејот околу 1 час и 30 минути. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Појадок. Поаѓање за Kападокија. Фото пауза на соленото езеро - Туз Ѓолу / Солено езеро /, кое се наоѓа на 905 м надморска височина. Сместување во хотел ***+ во регионот Кападокија. Посета на подземниот град Кајмакли - најголемиот во Кападокија, веројатно настанат кон крајот на вториот милениум п.н.е. Достигнува длабочина од околу 80 м и се состои од станбени и јавни простории вкопани во вулканските карпи на неколку нивоа поврзани со тунели (опционално самостоен влез во градот, плаќање на влезница на лице место околу 13 евра по лице) Сместување во хотел. Факултативно попладне со дополнителна  посета на претставата „Вртливи дервиши“. Вечера. Факултативна ноќна тура со посета на еден од најголемите градови во регионот - Аванос. Слободно време во Аванос 1ипол час. Потоа се упатуваме кон Гореме. Слободно време 1 час за прошетка . Се застанува и се прави фото пауза на долина на камилите и фото пауза на реонот на трите убавици.Враќање во хотел.Ноќевање.

Појадок. На барање и како дополнителна факултатива, лет со балон над Кападокија (настанот се одржува рано наутро околу 04:00 часот.Ако има ветар нема можност за реализација за летањето со балон и организирањето на трансфер до пистата каде што полетуваат балоните. Цената вклучува трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за најимпресивно и највозбудливо место за лет со балон). Огранизиран трансфер (факултатива од 15евра ) до пистата од каде што полетуваат балоните. Враќање во хотел и појадок. Околу 08:30 часот, панорамската тура низ областа започнува со посета на една од најубавите долини - Долината на гулабите. Програмата продолжува кон градот Учисар со неговата тврдина, од чиј врв човечкиот поглед може да ја опфати целата магија на околниот пејзаж. Посета на градот Гореме и слободно време за самостојна прошетка. Претпладне враќање во хотел. По желба факултативно до ОртаХисар пауза за кафе со целосен поглед на Кападокија и посетување на најголемиот мол во Невшехир. Вечера. Факултатива- посета на претстава со ориентални танци во традиционалното место „Јашар Баба“ со консумирање алкохолни и безалкохолни пијалоци без ограничување, вклучени турски закуски и овошје. За време на програмата во ресторанот имаме можност да набљудуваме рекреирана традиционална турска свадба. Враќање околу 23:30 часот во хотелот. Ноќевање.

Појадок. Рано заминување за Истанбул околу 06:00 часот. Слободно време,фото пауза и сместување во хотелот. Факултатива вечерно крстарење со јахта по Босфорот со богата фолклорна програма, консумирање алкохолни и безалкохолни пијалоци без ограничување, топли и ладни предјадења или како друга опција факултатива, вечерен автобуски разглед на Истанбул со посета на еден од најголемите трговски центри - Outlet Viaport Venezia. НАПОМЕНА: Само една од тие две факултативи може да се изведе , се зависи од заинтересираноста на патниците , и двете факултативи во исто време не постои можност да се изведат. Ноќевање.

Одјавување од хотелот околу 08:00 часот. Посета на трговскиот центар „Florya“. Слободно време за прошетка и шопинг. Дополнителна факултатива за влез во самиот аквариум по желба на патниците. Сите тие кои што нема да влезат во аквариумот имаат слободно време во трговскиот центар. Кратка пауза од околу 40 минути на пазар во областа  Едрене пред границата „Капи Куле“. Заминување кон Македонија и стигнување некаде во вечерните часови.

Вклучено во цената

  • ✓Превоз со високо туристички автобус;
  • ✓1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3 ѕвезди во Анкара;
  • ✓Бесплатна панорамска обиколка на Анкара
  • ✓Бесплатна посета на музејот на Ататурк
  • ✓Панорамна обиколка -Долина на Гулабите, Долина на Камилите
  • ✓Фото пауза панорамна глетка кон областа
  • ✓2 ноќевања со појадок и вечера во во хотел со 3 ѕвезди во Кападокија;
  • ✓1 ноќевање со појадок во хотел со 3 ѕвезди во Истанбул;
  • ✓Фото пауза и посета на Туз Ѓолу или Соленото Езеро;
  • ✓Панорамска тура низ Анкара;
  • ✓Панорамска тура низ Кападокија;
  • ✓Панорамска тура низ Истанбул низ Европа и Азија
  • ✓Посета на трговскиот центар Florya во Истанбул;
  • ✓Богата туристичка програма по целата рута;
  • ✓Водич преставник од туристичката агенција;

Не е вклучено

  • ✕Автентичен дервишки ритуал со танцот Сема - 30 евра;
  • ✕Трансфер до патеката со летачки балони - 15 евра;
  • ✕Аqua Florya влезница -30евра
  • ✕Вечерно крстарење со јахта по Босфорот во Истанбул со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли и ладни предјадења - 55 евра;
  • ✕Возење со балон над Кападокија - околу 240 евра,
  • ✕Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма. (Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство без ограничување) - 40 евра, деца од 5 до 11,99 години - 25 евра;
  • ✕Ноќна тура до градот Аванос и Гореме- 15 евра; (*Ноќна обиколка до град Аванос 1:30 час слободно , слободно време во Гореме 1 час , фото пауза на долината и фото пауза на реонот на трите убавици)
  • ✕Ноќна тура низ Истанбул со посета на трговскиот центар „Виа порт Венеција“ - 10 евра;
  • ✕Посета на Орта Хисар и најголемиот мол во Невшехир Capadocia Mall - 15евра

Услови и напомени

  • ТРАНСФЕРОТ НА БАЛОНИТЕ НЕ ПРИПАЃА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА - НЕ Е ЗАГАРАНТИРАНА ФАКУЛТАТИВА - СЕ ЗАВИСИ ОД БРЗИНАТА НА ВЕТЕРОТ.
  • ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ
  • Поаѓањата за и од таму и паузите по патот можат да имаат измени зависност од потребите на патувањето. Тоа го одредува агенцијата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
  • Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.
  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

Подготвени за КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ 2026 ГОДИНА?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.