Почетна / Грција / Alkmene Studios – Остров Скијатос 2027
Грција

Alkmene Studios – Остров Скијатос 2027

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис, термини и цени

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.  Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.  Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на  Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 400 метри. Автобуската станица  до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер, клима уред.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Alkmene Studios(цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 55€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
Патничко осигурување
Факултативни излети
Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

–Организиран трансфер од Прилеп и Битола 20е по лице во правец.

Термините за лето 2027 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

ТЕРМИНИ РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
20.05.2027-27.05.2027 89е цена по лице
27.05.2027-03.06.2027 128е цена по лице
03.06.2027-10.06.2027 158е цена по лице
10.06.2027-17.06.2027 160e цена по лице
17.06.2027-24.06.2027 204e цена по лице
24.06.2027-01.07.2027 219e цена по лице
01.07.2027-08.07.2027 240e цена по лице
08.07.2027-15.07.2027 273e цена по лице
15.07.2027-22.07.2027 273e цена по лице
22.07.2027-29.07.2027 273e цена по лице
29.07.2027-05.08.2027 273e цена по лице
05.08.2027-12.08.2027 273e цена по лице
12.08.2027-19.08.2027 273e цена по лице
19.08.2027-26.08.2027 273e цена по лице
26.08.2027-02.09.2027 219e цена по лице
02.09.2027-09.09.2027 196e цена по лице
09.09.2027-16.09.2027 164e цена по лице
16.09.2027-23.09.2027 142e цена по лице
23.09.2027-30.09.2027 86e цена по лице

Важно

‼𝐁𝐋𝐀𝐂𝐊 𝐍𝐎𝐕𝐄𝐌𝐁𝐄𝐑 ПРОМОТИВНИТЕ ПОПУСТИ ВАЖАТ ИСКЛУЧИВО ПРИ ЦЕЛОСНА УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ ‼

  • ПОЕНИ ОД ЕТА ЛОЈАЛНА КАРТИЧА МОЖЕ ДА КОРИСТАТ ЛИЦА НА ЧИЕ ИМЕ Е КАРТИЧКАТА. МОЖНОСТ ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОЕНИ ОД ДРУГИ РЕЗЕРВАЦИИ НА СОПСТВЕНА КАРТИЧКА НАМА.

  • ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ПАТНИК, СЕ ЗАДРЖУВА 15 ЕВРА ОД НАПРАВЕНАТА УПЛАТА.
    За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Ескејп травел  како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 ,1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или 071227837 или пишете ни во порака на нашата фејсбук или инстаграм страница бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.
  • ПОЕНИ ОД ЕТА ЛОЈАЛНА КАРТИЧКА МОЖЕ ДА КОРИСТАТ ЛИЦА НА ЧИЕ ИМЕ Е КАРТИЧКАТА. МОЖНОСТ ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОЕНИ ОД ДРУГИ РЕЗЕРВАЦИИ НА СОПСТВЕНА КАРТИЧКА НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.

Вклучено во цената

  • ✓7 ноќевања – 8 дена во вила Alkmene Studios(цени по лице)
  • ✓Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • ✓Туристички пратител за време на патувањето
  • ✓Претставник од агенција за време на престојот

Не е вклучено

  • ✕Дополнителeлни 55€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • ✕Патничко осигурување

Подготвени за Alkmene Studios – Остров Скијатос 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.