Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island) , вториот најголем остров во
Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и
најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се
наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од
неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните.
Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа
тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба.
На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот
музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples , постара градба и од египетските пирамиди или
Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi . Слободно време за индивидуални
активности и ручек во организација на агенцијата.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
ЧЕТВРИ ДЕН: (понеделник) | Малта – Marsaxlokk - Скопје
Појадок. За последниот ден можност за факултативна посета на Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно
пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се
крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени
чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува
тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат
посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за
Скопје во 19:35 часот. Слетување во Скопје наредниот ден во 21:20 часот.
Што е Што Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
Факултативен излет – Marsaxlokk (рибарското село – трансфер + придружник од агенцијата) – 30 €; задожителна
факултатива
Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек и влезници во објекти или локации;
Индивидуални трошоци;
Патничко – здравствено осигурување;