Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Сус, на 140 км од аеродромот во Тунис. Излегува на сопствена песочна плажа. Во близина се наоѓа трговски центар, кафулиња и дискотеки.
Сместување: 650 соби во една главна зграда. На располагање до собите се 6 лифтови. Уредени се во ориентален стил, со бања, TV со сателитски канали, телефон, мини бар – со доплата.
Хотелски содржини: Хотелот располага со рецепција, голем отворен базен со мостови, детски базен, внатрешен загреан базен, главен ресторан и А`la Carte ресторани. Во текот на летото функционира ресторан на отворено Neptune, помеѓу плажата и базените; 7 барови, 6 лифтови, сеф на рецепција, менувачница, фризер. Wi fi интернет на јавните површини.
Спорт и забава: Покрај целодневните анимации, хотелот нуди СПА и фитнес центар, дискотека, детски клуб (4-10 години), анимации за деца, спортски активности покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми: кабаре, танц.
Плажа: Има сопствена песочна плажа.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси – се плаќаат на рецепција во хотелите (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND)
Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Либеро Травел.
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
1 ден | СКОПЈЕ – МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со локални претставници и можност за бројни факултативни излети.
Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Монастир во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.