Marabout Hotel 3*
Локација: Хотелот Marabout е на околу 2 километри од центарот на Сус, 8 километри од Порт Ел Кантауи, 18 километри од аеродромот во Монастир и 145 километри од аеродромот во Тунис.
Соби: Сите соби се опремени со клима уред (од средината на јуни до средината на септември), сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, бања. Двокреветните соби имаат балкон или тераса, додека повеќекреветните немаат балкон.
Содржина: Хотелот располага со 24-часовна рецепција, голем надворешен базен поделен на базен со аква парк со 6 лизгалки, базен за возрасни и детски базен, внатрешен базен, три лифта, два ресторани и два барови, детски столчиња во ресторанот. Сеф на рецепција, крпи за плажа, масажа, амам, тениско игралиште, увозни и луксузни пијалоци и сите услуги кои не се опфатени со концептот all inclusive се дополнителни. Wi-Fi интернет во заедничките простории.
Спорт и забава: На располагање на гостите се: игралиште, детски базен, аква парк , мини диско и цртани филмови, фитнес, пинг понг, аква теретана, одбојка на плажа, ватерполо, фудбал, ракомет, џакузи во базен.
Плажа: Хотелот излегува на песочна плажа.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси – се плаќаат на рецепција во хотелите (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND)
Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Либеро Травел.
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
1 ден | СКОПЈЕ – МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со локални претставници и можност за бројни факултативни излети.
Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Монастир во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.