Положба
Хотелот се наоѓа во Сал Хашиш, покрај сопствена приватна плажа (дел од плажата е со песок, а дел со камчиња, долга е околу 1,6 км). Плажата има корален гребен, погоден за љубителите на нуркање, со спектакуларен поглед на Црвеното Море. Хотелот се наоѓа во јужниот дел на Хургада, во областа Сал Хашиш, покрај плажа со спректакуларен поглед на Црвеното Море. Од Сакала, центарот на Хургада, е оддалечен околу 25 км, а од аеродромот околу 20 км.
Сместување
Вкупно 552 соби.
- Стандардни соби (36-57 м²),
- Делукс собите (70 м²) се пошироки од стандардните и имаат дел за седење.
- Јуниор апартмн (60-65 м²) имаат една сплана соба и една дневна соба со софа.
- Фамилијарните соби (58 м²) имаат две спални соби, едно купатило и еден гардеробер.
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима, сеф, САТ ТВ, телефон, мини бар (со доплата на лице место), балкон / тераса, бањарка, влечки, електричен бокал. Собите се со страничен или директен поглед на море или базен
Услуга
Сѐ вклучено – Според хотелските правила. Во хотелите каде што храната се служи на шведска маса (самопослужување и избор од повеќе јадења), хотелско правило е храната да се служи според мени доколку нема доволно број на гости или други фактори, без разлика во сезона или не. Сепак, тоа не влијае на квалитетот на добиената услуга.
Содржини
Отворени базени за возрасни и деца (2 базена се загреани за време на зимската сезона), шест џакузи, ватерполо, аеробик, гимнастика, пикадо, бока, тениски терени. Интернетот е бесплатен во заедничките делови на хотелот и во собите. Со доплата се доктор ба повик, аптека, спортови на вода, аква центар, перење и хемиско чистење, продавници, лимузина. Во СПА цнтарот со доплата се масажи, џакузи, сауна, турка бања, мароканска бања, парна соба, фризер, салон за убавина.
Плажа
Хотелот има сопствена приватна плажа, долга околу 1,6 км,. Плажата е дел со песок, а дел со камчиња и има марина, и има корален гребен, погоден за љубителите на подводниот свет. Задолжително е да се носат обувки за вода. Во близнина се наоѓаат и две плажи со златен песок – плажата на Citadel Azur Resort и на The Oberoi Sahl Hasheesh. Лежалките, чадорите и крпите за на плажа се бесплатни.
Внимание
Домашни миленици не се дозволени. Во сите ресторани има задолжителен кодекс за облекување. Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење на пијалоци од мини барот, некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, исхрана и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот на рецепција. Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за локацијата на собата, на кој кат е собата, големината на креветите, софите, фотелјите или помошното легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.