Пролом бања се наоѓа во Јужна Србија , на падините на планината Радан. Познато е пред сѐ, по својата лековита вода Пролом, која спаѓа во ретка група води со високи балнеолошки вредности. Пролом е една од најмладите бањи во Србија, иако е познато дека нејзините извори на лекување се користат уште од праисторијата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 25/02/2023: 7.440 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.060 денари
ТЕРМИН:10.03-12.03.2023
ПРОГРАМА:
1 ДЕН: 10.03.2023 (петок)
Состанок на групата кај судот во Кочани. Поаѓање за Србија во утринските часови. Попатно, преземање на патниците од Штип, Велес, Скопје… Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во Гаретов конак. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН:11.03.2023 (сабота)
Појадок. Заминување на организиран излет до местото Ѓавола Варош, споменик на природата со кој се врзани повеќе легенди кои ја будат фантазијата на секој посетител. Ручек во Гаретов конак. Слободни активности, користење на услугите на Wellness центарот. Навечер, прослава на денот на жената со вечера со жива музика. Ноќевање.
3 ДЕН: 12.03.2023 (недела)
Појадок. По појадокот посета на црквата Лазарица, единствената црква – брвнара во овој крај каде што Цар Лазар ја причестил својата војска пред Косовската битка. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Сместување во Гаретов конак на база 2 полни пансиона
- Свечена 8 мо мартовска вечера на 11.03.2023 со жива музика
- Користење на услугите кои ги нуди Wellness центарот
- Туристичка такса
- Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување
Напомена:
За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од 30%, доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување
- Со оваа програма важат општите услови на патување на ТА Либеро Травел