Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината Голубац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план.
ТЕРМИНИ:
20.04.2024
ЦЕНА: 1800 ДЕН.
ПРОГРАМА:
1 ден;
Поаѓање во вечерните часови – Кочани од 23:30 часот. Организран превоз од Делчево, М.Каменица, Виница, Кочани, Штип. Попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден:
Пристигнување во утринските часови на манастирот. Пешачење до испосницата на Светиот Зосима, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата што доминира во целата област, има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад.
Потоа се враќаме во манастирот, на поклонение на светите мошти, каде ќе присуствуваме и на Светата Литургија. По Литургијата, разглед на манстирот и присуство на исцелителните групни молитви од страна на монаштвото.
Во попладневните часови тргнување, групата се упатува кон Сребрено Езеро. Слободно време за разглед. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
Дополнителни информации:
Во манастирите се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Либеро Травел.