Термин: 06.11.2022
Цена:900ден.
*за тргнување од Делчево и М.Каменица (100 ден.- трансфер во двата правци).
Лешочки манастир претставува православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовски. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите Св. Атанасиј и Св. Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од 19 век. Во манастирските конаци им а параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на епископотполошки Антониј.
Програма:
Поаѓање во утрниските часови од: Делчево 05:00, М.Каменица 05:30, Кочани 06:00, Штип 06:30. Пристигнување на Лешочки манастир во Лешок. Слободно време за посета на манаситирот и околината. Во попладневните часови се упатуваме кон посета на уникатната – Шарена џамија. Во договороено време поаѓање кон Palma Mall во Тетово. Слободно време за ручек, кафе, шопинг. Враќање во попладневните/вечерните часови.
Цената вклучува:
- Превоз на наведената релација
- Посета на Лешочки манастир
- Организација и водство на патувањето
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
- Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Либеро Травел и СКТМ.