ЕДРЕНЕ е пограничен град на 18 км. од границата помеѓу Бугарија и Турција. Со многу интересна историја, различна култура ,многу вкусни специјалитети и најевтин ШОПИНГ. Градот е многу интересен за истражување со своите затворени чаршии, прекрасните џамии, со фонтани од конзерви во центарот и прекрасните добро сочувани дрвени куќи со посебна декорација, со своите големи паркови и мостови ги импресионира сите што го посетуваат овој град. Трите реки Марица, Арда и Тунџа се спојуваат во овој град.Едрене е познат и како град на фонтани – над 100 прекрасни фонтани со извонредна архитектура и детали. Да, ќе видите фонтани на скоро секој плоштад и голема раскрсница. И уште еден интересен факт – за разлика од нас, во овој град очигледно не чувствуваа потреба да ја градат секоја градина помеѓу згради, ниту да прават високи згради. Како резултат, градот е исклучително пријатен за живеење, со многу зеленило, сончева светлина и не ве „гуши“.
Термини- НОЕМВРИ:
18.11-20.11.2022
ЦЕНА: 65 ЕВРА / 4030 ДЕНАРИ
1 ден – петок :СКОПЈЕ-ВЕЛЕС-ШТИП-КОЧАНИ-ВИНИЦА-КАМЕНИЦА-ДЕЛЧЕВО
Тргнување во доцните часови од пред TA Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Преминување на граничниот премин Капитан Андреево-КапиКуле.
2 ден – сабота: ЕДРЕНЕ
Пристигнување во Едрене во утринските часови. Можност да прошетаме во центарот на градот.. Посета на симболот на градот Едрене – џамијата Селимије, изградена е по наредба на султанот Селим Втори помеѓу 1569 и 1575 година и претставува вистинско архитектонско ремек-дело. Секое од нејзините 4 минариња, високи над 70 метри, открива неверојатен поглед на градот, што ќе остави траен спомен на вашето патување до Едрене. Се разбира, за да го видите, мора да се качите по скалите до врвот, но вреди да се вложи напор. Погледот околу џамијата не е помалку импресивен.Во непосредна близина на џамијата се наоѓа и покриениот пазар познат како „малата Капала Чаршија“ каде ќе имате слободно време за шопинг. Од подножјето на џамијата Селимије започнува лавиринт од мали улици кои водат кон главната улица во Едрене, Сарацлар Јадеси. Тука ќе најдете многу шарени и живописни продавници за секаков вид стока, како и многу слаткарници и кафулиња. Ако сакате да јадете некои традиционални турски колачи, одете во слаткарницата Мадо на врвот на главната улица. Тука има бесконечна разновидност на пецива – ве советувам да пробате кунефе, што е еден вид сирупски десерт од кадаиф и урда. Бадемовата паста е исто така нешто по што е познат градот Едрене. Направен е од горчлив бадем и има многу специфичен вкус. Друго специфично јадење од Едрене што треба да го пробате е Порција со црн дроб – ова е пржен црн дроб, исечен на тенки парчиња и се служи со немилосрдна лута пиперка. Потоа се упатуваме кон складовите за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени во Турција.Сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови посета на шопинг центар ERASTA. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден недела: ЕДРЕНЕ -ДЕЛЧЕВО-КАМЕНИЦА-ВИНИЦА-КОЧАНИ- ШТИП-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Се уптуваме кон православната бугарската црква „Св. Свети Константин и Елена “, која со својата прекрасна градина е омилено место на туристите кои го посетуваат Едрене. Храмот е изграден во 1869 година . ..Посета на Margi Outlet во кој има продавници со многу квалитетна облека по многу ниски цени…. и Синиот пазар кој се наоѓа во непосредна близина на аутлетот..Тргнување од Едрене во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-1 ноќeвање со појадок вo хотел со 4* – https://www.adresinhotel.com.tr/
– Превоз со високо туристички автобус
-Придружник од агенцијата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факлутативна ексркузија за посета на 6 локации во Едрене – (10 еур) – задолжително– Посета на центарот на градот Едрене
– Посета на црквата Свети Константин и Елена
– Посета на џамијата Селимије, симболот на градот
– Посета на Margi Outlet (најниски цени во ЕВРОПА)
– Посета на шопинг центар – ERASTA
– Посета на складовите за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени
– Патничко осигурување 200 денари (по сопствен избор)
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНИ:
За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.
Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.