На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.
Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.
Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.
Вила “ПАСКАЛИС“ лоцирана во Трулос на оддалеченост 7 минути од прекрасната плажа Трулос.Извонредна местоположба со фасцинантен поглед кон морскиот хоризонт неограничувајќи го вашиот поглед и мисла.
Плажата Трулос е преубава плажа со ситен песок и постепено задлабочување , тиркизна боја на водата ,лежалки ,таверни …. во непосредна близина има Супермаркет.
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023
12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023
ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ (НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ)
ЦЕНИ ЗА 7, НОЌИ,АВТОБУС, ТРАНСФЕР(ПРИСТАНИШТЕ-ВИЛА ПРИСТАНИШТЕ),ПРЕТСТАВНИК НА ОСТРОВОТТермините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден
МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ:
- Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;
- Поаѓање од Скопје на паркингот (дополнително*) во 23:00 часот;
НАПОМЕНИ:
*Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен:
автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште,за минимум 2 лица;
*трето,четврто , лице плаќаат според табелата;
*1 и 2 (прво и второ) дете до 12 години плаќаат според табелата;
* дете до 02 години бесплатно (без седиште);
*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;
*Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;
*Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 23:00 часот;
Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
Само автобуски превоз- повратна автобуска карта Скопје –Волос-Скопје 50 еур за возрасни, 40 еур за деца до 12 год;
Само автобуски превоз – еден правец 45 еур за возрасни, 35 еур за деца до 12 год. –;
За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.
Во цената не е вклучено:
*БРОДСКА КАРТА ВОЛОС-СКИЈАТОС – ВОЛОС =35€ се плаќа во автобус;
*клима уред доколку се користи 5€од ноќ / се плаќа во вилата;
*туристичка такса 0,5 € од ноќ се плаќа во агенција (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти,цената ќе биде променета)
Важат општите услови за патување на ТА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.