Метаморфози е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Во гратчето има неколку таверни и пицерии, два добро снабдени маркети, продавници за маслиново масло и мед, пиљари, рибарница, 3-4 фурни, аптека, лекар, Лидл маркет кој се наоѓа на само 6 км. во Никити.
Вила ЛИНА се наоѓа на прва линија во центарот и на 50 м. од песочната плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана и опремена со кујна, купатило, фен, ТВ, WI-FI и клима (бесплатно).