Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани, а токму тука е и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.
Вилата „Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето.
Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
-5% попуст за целосна уплата заклучно со 25.03.2024
НАПОМЕНА
Цените во табелата се однесуваат за наем на цел аранжман за 10 ноќевања без вклучен превоз.
Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети во Lust Minut понуда.Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил во Early Booking цена , се применуваат општите услови за отказ согласно со потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет,односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00часот по локално време.
Доплата за туристичка такса во Грција 1.50е по соба од ден( се плаќа во агенција)
Плаќањето на аранжманот е искучиво во денарска противредност по курс 62 денари.
Организиран превоз од :Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неа Мармарас
Тргнување од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот пред туристичката агенција
Цена на повратен билет
возрасни 50е
деца од 2-12г 40е
дете до 2год. бесплатно ( без седиште)
Цена за билет во еден правец
возрасни 40е
деца од 2-12г 35е
Распоредот на седење во автобус е според датумот на уплати
Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство.Секој патник самостојно го шренесува својот багаж од автобус до сместувачкиот капацитет.Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.
Важат општите услови за патување на ТА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.