АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век…и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката… Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат… Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста… Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба…
Цена на аранжманот 179 евра / 11.100 денари
Промо цена 159 евра / 9.858 денари
ПРОГРАМА:
1 ДЕН 29.12.2022СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ДЕН 30.12.2022АТИНА
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН 31.12.2022АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот . Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. По слободното време продолжуваме кој златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Можност за панорамско сликање. Враќање во Атина. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите. Ноќевање.
4 ДЕН 01.01.2023АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01 Вторник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел 3* во Атина на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед со водич
- Организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Пелопонез (45 €)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (12 евра)
- Посета на Пирејa и Сунион (15€)
- Влезница за во Акропол со водич (20 еур)
- Туристичка такса 200 мкд за двете вечери
- Индивидуални трошоци
- Пакет факултативи 70 евра
Важат општите услови за патување на ТА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ !