Хотел Интернационал 4*, Охрид
Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка“ кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал“.
На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал“ е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал“нуди извонредни услови за престој на гостите.
Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.
ВИКЕНД ПОНУДА 2 ноќи 3 дена |
||
УСЛУГА | ПЕРИОД | ЦЕНА |
Ноќевање со појадок | До 31.08.2020 | 35 еур / 2170ден |
ПРОМО ПАКЕТ 5 ноќи 6 дена |
||
УСЛУГА | ПЕРИОД | ЦЕНА |
Ноќевање со појадок | До 31.08.2020 | 99 еур / 6070ден |
*Цените се изразени по ЛИЦЕ
Напомена:
- Сместување во собите е по 14 часот по локално време, а напуштање на собите е до 10 часот по локално време
- Деца од 1,99 до 11,99 – бесплатно
- Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.
Хотелот има сопствен паркинг, обезбеден со видео надзор, конгресна сала, лоби, лоби бар и прекрасна Коктел бар тераса.
За овие и сите дополнителни услуги кои ги нуди хотелот може повеќе да се информирате на рецепцијата на хотелот која работи 24 часа. Тука љубезно ќе ве информираат за се што ве интересира во врска со посета на знаменитостите на градот, рентакар, рентабајк или други услуги, екскузрзии и останати корисни информации.