Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на ХХ век градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
ТЕРМИН: 13.04-16.04.2023
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 01.03 89е (5520ден)
РЕДОВНА ЦЕНА: 109e (6760ден)
Програма:
Прв ден: Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Втор ден: Сараево.
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел. Ноќевање.
Трет ден: Сараево – Мостар – Сараево.
.По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање
Четврти ден: Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација
- Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево http://www.hotelgrand.com
- Разгледување на Сараево со локален водич
- Придружник на групата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 250 денари
- Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
- Влезници за културно-историските споменици
- Крстарење по Дрина 5e
- Разглед и посета на Дрвенград
НАПОМЕНА:
- Нема намалување на цената за сопствен превоз
- ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица
постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
- Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено вопрограмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.