Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.
ТЕРМИНИ:
14.04-16.04
28.04-30.04
12.05-14.05
26.05-28.05
09.06-11.06
Цена на аранжманот: 1.800мкд
ПРОГРАМА:
1 ДЕН (ПЕТОК)
Состанок со групата во 20:00 часот од претд ТА Либеро Травел во Кочани. Заминување кон Црна Гора во 20:30 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН (САБОТА)
Пристигнување во градот Будва. Фото пауза од 30 минути на Островот Св.Стефан. Автобусот се упатува кон Словенска плажа. Слободно време од околу 4 часа за плажа, појадок, прошетка, (крстарење – индивидуално), или слободни активности по сопствен избор.
Во попладневните часови се упатуваме кон манастирот Свети Василие Острошки и факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
3 ДЕН (НЕДЕЛА)
Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Спуштање до Долниот конак. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група и во 09:00 заминување кон Кочани. Попатна пауза на Скадарско Езеро од околу 20-30 минути. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.
Аранжманот вклучува:
-Превоз со високотуристички автобус
-Посета на Будва
-Фото – Пауза на Св.Стефан
-Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор
-Придружник за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
-Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
-Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец.
-Патничко осигурување
-Туристичка такса во Црна Гора 1 евро