Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.
ЦЕНА: 119 еур / 7380 ден.
BLACK FRIDAY ПРОМОЦИЈА ДО 24.11 99е / 6 140мкд
Термин:
07.12-10.12.2023
ПРОГРАМА:
1 ден: (четврток) 07.12.2023
Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден: (петок) 08.12.2023
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката е првото запознавање на градот со локален водич, кој ќе го представи градот и неговата историја професионално. Се разгледуваат од автобус најпознатите квартали и знаменитости на градот. Посета на паркот Беилербеи во азискиот дел на градот. Фото пауза со поглед кон мостот. Враќање во Европскиот дел на градот. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на плоштадот (хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Хурем Султан Хамам, дворецот на Ибрахим Паша, Германската чешма).Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме со посета на Капали Чаршија. Слободно време за одмор во хотел. Навечер специјална вечера на брод по Босфор со целосно мени (предјадење, избор од 3 видови на главно јадење, десерт), неограничена консумација на алкохолни и безлакохолни пијалоци. Шоу програма со фолклорни ансамбли, танчерки, DJ.За време на крстарњето ке имате можност да уќивате во погледот кон мостовите на Босфот кои навечер ги менуваат боите.Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: (сабота) 09.12.2023
Појадок. По појадокот се упатуваме кон целодневен разлгед на градот со водич. Факлутативно крстарење по Босфор. Вистинско уживање во градот. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.Посета на Египетскиот пазар. Слободно време за разлгед на најстариот пазар за намирници, баклави, локуми, маслинки, украси за домакинство, зачини, јаткастки плодови, сувенири.. По посетата на Египетскиот пазар се упатуваме кон посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Следи посета на облакодерот Сафир – највискоата зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште каде се протега неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатна авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симнулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со филџан мирисно турско кафе меѓу облаците на Истанбул. Слободно време за фотографирање.. Слободно време за одмор. Навечер се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време и шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот.Ноќевање.
4 ден (недела) 10.12.2023
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус
- Две ноќевања со појадок во хотел со 3* близина на Капали чаршија
- Придружник од Либеро Травел
- Посета на шопинг центар Florya 5*
- ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Панорамна обиколка+ Парк Беилербеи во Азија + Султанахмет+ Капали чаршија – 20 еур
- Крстарење по Босфор – 25 еур
- Целодневна прошетка (Египетски пазар, прв двор Долмабахче, шопинг центар Сафир ,Таксим плоштад) – 20 еур
- Долмабахче палата (билет за комплетен разглед на дворецот и музеј со водич) – 30 еур
- Облакодер Сафир -54 кат + влезница за 4Д симулација – хелихоптер – 30 еур
- Аквариум Florya – 25 еур
Пакет екскурзии – 140 еур - Специјална вечера на брод на Босфор со целосно мени и шоу програма – 50 еур
Патничко осигурување – 250 денари (без фрашиза).
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот. - УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.