Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Го обликувале четири силни цивилизации, грчка, римска, византиска, османлиска. Денес Истанбул претставува велеград со преку 20 милиони жители, кои работат и живеат на двата континента.Модерниот плоштад Таксим, или квартовите Бејоглу и Османбеј, ке направат да се чувствувате како во било која светска метропола, додека прошетка низ плоштадот на Султан Ахмет, неизбежно ќе ве врати илјада години назад низ времето: ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да најдете испреплетено и нераскинливо поврзување како во Истанбул. Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.
ЦЕНА: 139 еур / 8620 ден.
Термин:
11.10-15.10.2023
ПРОГРАМА:
1 ден:
Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден:
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката е првото запознавање на градот со локален водич, кој ќе го представи градот и неговата историја професионално. Се разгледуваат од автобус најпознатите квартали и знаменитости на градот. Факлутативна посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на плоштадот (хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Хурем Султан Хамам, дворецот на Ибрахим Паша, Германската чешма).Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 3000 продавници. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Навечер организиранa свечена вечера на брод со целосно мени и неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци.. Богата програма од фолклорни ансамбли, танчери, диско програма.Ноќевање.
3 ден:
ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ
Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, ридот Чамлица, шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други.. Слободно време за шопинг.Враќање во хотелот. Навечер Факлутативна посета и шопинг на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор. Нуди неверојтана атракција – симулација на лет над градот – 4D- возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Moминската Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден:
Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови со брод. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот постојат мини електрични автобуси со кои можете да ги видите сите убавини во една обиколка. Обиколката на островот трае 30 мин. Исто така можете да изнајмите некој од прекрасните велосипеди накитени со многу разнобојни цвеќиња и да ја доживеете маѓијата на островот на посебен начин. Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање кон Истанбул.. Навечер се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време и шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот.Ноќевање.
5 ден:
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус
- Три ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија
- Придружник на патувањето од Либеро Травел
- ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-
-
- Панорамна обиколка + Султанахмет + прв дворец Долмабахче со водич+Капали чаршија – 25 еур
- Долмабахче палата (билет за комплетен разглед на дворецот со водич) – 35 еур
- Принцески острови со брод + Таксим плоштад+шопинг на Истикал
(целодневна) – 45 еур - Азија (целодневна) – 30 еур
- Аквариум Florya – 30 еур
Пакет екскурзии – 160 еур (без традиционална вечера на брод) - Турска традиционална вечера на брод по Босфор (одделно од пакетот) – 50€
- НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
*екскурзиите може да се комбинираат по сопствен избор
*деца до 10 год. – 30% попуст
Патничко осигурување – 250 денари (без фрашиза). -
- НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
-
НЕ Е ПОТРЕБНО СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНА ИЛИ ТЕСТ!
Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот. - УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.