Туристичката агенција „Либеро ТРАВЕЛ“ е формирана 2015 година, во февруари со седиште во Кочани како подружница на ДООЕЛ Белдона ММС која врши превоз на патници од 2006 на релација Македонија - Италија.

Цел на нашето постоење е квалитетно, правилно, точно известување и изведување на туристичките аранжмани, посета на интересни дестинации, запознавање на туристите со културата на народите од другите држави и професионален однос кон клиентите и деловните партнери во Македонија и Европа , како основа за задржување на довербата на постојните, но и проширување на нашата соработка со нови клиенти.

Располагаме со возен парк од високо туристички возила со капацитет од 15 до 87 седишта по возило и континуирано инвестираме во превозот со набавка на висококвалитетно опремени возила и обучен кадар со цел да ги задоволи високите критериуми на туристичката индустријата. Возилата ги исполнуваат највисоките стандарди за превоз, опремени со клима, GPS, TV, DVD-player, тоалет, фрижидер.

Уште од самото започнување со работа Либеро Травел поседува А Лиценца за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерството за Економија на Р.М. и е воедно членка, на Стопанската Комора за Туризам на Македонија (СКТМ).

Следејќи ги современите светски трендови ТА Либеро Травел организира и Ви ги нуди следниве услуги:

• Летувања
• Зимувања
• Авиобилети
• Автобуски карти
• Патничко осигурување
• Изнајмување на минибус / автобус
• Празнични патувања во републиката и странство
• Хотелски резервации за индивидуални и групни патувања.
• Продавање на билети за најразлични настани, претстави, концерти во и надвор од земјата..
• Шопинг тури
• Училишни екскурзии
• Еднодневни екскурзии низ Македонија со отворени и затворени групи
• Сите други услуги од туристичката индустрија...

Причините поради кои треба да го доверите на нас организирањето на Вашето патување е професионалниот однос, одржливиот квалитет на услуги, поволните цени и постојаното професионално надоградување на персоналот кои Ви стојат на располагање да одговорат на сите Ваши барања.

Затоа Либеро Травел нека биде местото каде започнува секое Ваше патување.

Нагоре